Чешкиот бренд претстави блиндирана изведба на караванската верзија на Superb – за чиј развој се потрошени три години, а еден примерок ќе чини околу 135.000 евра!
Заштитата која е вградена во блиндираниот Superb Combi е комбинација од непробојно стакло, челик со висока цврстина и композитни материјали. Она што е интересно е дека не е нарушена практичноста на автомобилот – па на располагање го имате истиот багажен простор и истиот комфорен ентериер.
Блиндираниот Superb Combi ги исполнува PAS300 стандардите, а за да го направи тоа бил подложен на соодветни тестирања. Меѓу другото, во автомобилот е пукано со муниција од различен калибар, а автомобилот бил изложен и кон „закани од експлозивен и фрагмтенациски вид“. Луѓето од Škoda гордо кажуваат дека стаклата кои се отпорни на куршуми нудат 360-степенска заштита.
Блиндираниот Superb е придвижуван од 2-литарскиот TDI со 190 коњски сили, а дополнително се надградени суспензијата и сопирачките. Вградени се тркала кои можат да продолжат да се вртат дури и кога гумите се издишани, а дел од пакетот се и систем за осветлување и сирени.