full screen background image
Search

Во салонот на Ford пристигна луксузниот Mondeo Vignale

Во салонот на Ми Да Гранд Моторс во Скопје пристигна врвната изведба луксузна изведба на Mondeo која ја носи ознаката Vignale.

Ford ја резервираше ознаката Vignale за врвните изведби на своите модели – па покрај Mondeo Vignale, може да се добијат и Fiesta Vignale, како и Kuga Vignale. Врвните изведби добиваат дискретно изменет дизајн, но најважните новитети се во кабината, каде сите површини се обвиени со исклучително-квалитетни материјали, а достапни се и сите нови технологии со кои располага Ford.

Во случајот на Mondeo Vignale, купувачите добиваат луксузни декоративни елементи, редизајнирана предна маска на ладилникот како и дискретно редизајниран заден браник, големи ексклузивни фелни и уште многу ситни детали на екстериерот – а во кабината добиваат комфорни седишта и ексклузивни декоративни елементи, како и многу, многу хај-тек додатоци.

Според официјалниот ценовник, цените за Mondeo Vignale започнуваат од 39.900 евра за изведбата со 2-литарски TDCI со 150 коњски сили и мануелен менувач, а на самиот врв е Mondeo Vignale со 2-литарски TDCI турбодизел со 210 коњски сили, погон на сите четири тркала и автоматски менувач со двојна спојка, кој чини 44.900 евра. Доколку сакате бензинец, можете да го добиете Mondeo Vignale со 2-литарски турбо-бензинец кој испорачува 203 или 240 коњски сили, и се нуди исклучиво со автоматски менувач. Интересно е што Mondeo Vignale може да се нарача и во караванска изведба.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.