full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Првиот трејлер за TAXI 5!

Годинава пристигнува петтиот дел од популарната Француска комедија TAXI, а првиот трејлер ни прикажува што можеме да очекуваме во него.

Филмот TAXI ја доживеа својата премиера во 1998, a поради одличните сцени со брканици со автомобили збогатени со хумор, стана култен филм за сите автомобилски ентузијасти уште пред да се појави франшизата The Fast & The Furious. Во првите три делови главната улога ја имаше модифицирано Peugeot 406, а потоа во четвртиот дел тоа беше заменето за поновиот 407. Во петтиот дел се гледа дека 407 сеуште ќе биде главниот јунак кој ќе ги води гледачите низ многу ситуации и ќе се бори против Италијанските криминалци кои возат Ferrari 458 Italia и Lamborghini Aventador.

Погледнете го видеото и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.