full screen background image
Search

Регулаторна: Горивата поскапуваат за еден денар!

Регулаторната Комисија за Енергетика објави дека од вечерва на полноќ цените на горивата се зголемуваат за еден денар.


Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ, малопродажните цени на горивата ќе се зголемат во просек за 1.71%.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР-95, ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата ќе се зголемат за еден денар. Соодветно на тоа, бензините ќе чинат 67.50, односно 69.50 денари за литар, а еден литар дизел гориво ќе чини 60.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.