full screen background image
Search

Премиера: Новата KIA Forte доаѓа со динамичен, спортски лик!

Иако нема најави дека компактниот седан на KIA ќе се нуди и во Европа, сепак сметаме дека во времето на супер-популарни SUV модели, ваквиот автомобил заслужува внимание!

„Сегментот на компактни седани е навистина компетитивен, но со сите подобрувања кои ги носи Forte, автомобилот е повеќе од подготвен да се соочи со најдобрите во сегментот“ – изјави Orth Hedrick од KIA US.

На прв поглед, веднаш се забележуваат елементите кои Forte ги презема од големиот (и одличен) Stinger – од формата, па сè до некои поситни детали. Сепак, Forte има свој идентитет благодарение на предните светла и динамичниот став. Forte сега е долг 4640 милиметри, висок 1440 милиметри а широк 1798 милиметри – тоа го прави директен конкурент на другите автомобили од овој сегмент.

Кабината добива елементи кои повторно се инспирирани од Stinger – како на пример кружните отвори за вентилацијата. Добива и 8-инчен мултимедијален уред и други ситници, а купувачите ќе можат да нарачаат многу „играчки“ – меѓу кои и аудио систем од Harman Kardon.

Во САД, KIA Forte ќе се нуди со 2-литарски бензинец кој користи Аткинсонов Циклус и EGR систем. Моторот испорачува 147 коњски сили и 180 Nm вртежен момент, и ветува комбинирана потрошувачка од 6.7 литри на 100 километри.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.