Land Rover слави 70 години со специјален Defender Works V8 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Land Rover слави 70 години со специјален Defender Works V8

Иако класичниот – и легендарен – Defender веќе не се произведува, Land Rover реши да го прослави својот 70-ти роденден со специјален Land Rover Defender Works V8 со 400 коњски сили!

Интересно е што од Land Rover кажуваат дека ова е најбрзиот и најмоќниот Defender на сите времиња – 5-литарскиот V8 испорачува 400 коњски сили и 515 Nm вртежен момент – а силата се пренесува кон сите четири тркала преку 8-брзински ZF автоматски менувач со спортски режим на работа. Сето ова резултира со 100 километри на час за 5.6 секунди и максимални 171 километар на час.

Дополнително, јубилејниот Defender добива надградени сопирачки, надградена суспензија, а и 18-инчни тркала со специјални пневматици. Ќе може да се нарача во 8 различни бои, а сите примероци ќе добијат алуминиумски рачки на вратите и капаче од резервоарот за гориво. Подобрување добива и осветлувањето во форма на Bi-LED предни светлосни групи.

Кабината добива Recaro спортски седишта, а конзолата, вратите и кровот се обложени во специјална Windsor кожа. Ќе бидат произведени само 150 примероци, и ќе биде достапен во верзии со кратко и долго меѓуоскино растојание (90 и 100 инчи). Помалиот Range Rover Defender Works V8 ќе чини од околу 150.000 фунти, а поголемиот – погодувате – ќе биде поскап.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.