Концептот Nissan Xmotion најавува поагресивен изглед кај идните кросовери – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Концептот Nissan Xmotion најавува поагресивен изглед кај идните кросовери

Nissan во Детроит го претстави новиот Xmotion концепт, кој ја најавува новата дизајнерска насока за претстојните модели со теренски способности на брендот.

Xmotion го дефинираат почисти форми со помалку, но поизразени странични карактерни линии, како и агресивен преден дел со големи отвори за воздух и тенки светлосни групи. Тука се и поистакнати заштитни елементи на долниот дел од браниците, споени стакла кои даваат изглед на лебдечки покрив и задни врати кои се отвараат во спротивна насока од предните.

Во кабината концептот може да смести 6 патници – по двајца на секој од трите реда, помеѓу кои се наоѓа лебдечка конзола во центарот на возилото. Дизајнерите примениле многу елементи кои потсетуваат на Јапонија. На пример, целиот ентериер е направен во бела и црвена боја, на стартување на мултимедијалниот систем се појавуваат Кои риби, а долниот дел од инструмент панелот е направен од дрво и составен со архитектска техника на спојување која не користи завртки или лепак.

Nissan очигледно го смета Xmotion главно како дизајнерска вежба бидејќи компанијата не објавува никакви информации за погонската единица на возилото. Единствено се знае дека концептот располага со ProPilot технологијата за полу-автономно возење.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.