Жирито кое го одбира Автомобилот на Годината во Македонија ја објави листата на автомобили кои влегоа во потесниот избор за титулата.
Во согласност со условите за учество во изборот за Автомобил на Годината во Македонија, жирито ги избра возилата кои ќе се натпреваруваат.
Ова се финалистите:
- Suzuki Swift
- Seat Ibiza
- BMW X3
- Ford Fiesta
- Opel Insignia
- Kia Stinger
- Nissan Micra
- Citroen C3 Aircross
- Kia Stonic
- Dacia Duster
Оваа година ќе биде избран и SUV на годината, а доколку SUV биде избран за Автомобил на Годината, тогаш нема да има засебна награда за SUV. Во согласност со досегашната динамика, победникот очекуваме да го дознаеме во Февруари следната година.