Започна производството на новиот Nissan Leaf – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Започна производството на новиот Nissan Leaf

Новиот Leaf започна да се произведува во фабриката на Nissan во Сандерленд, а првите примероци ќе бидат испорачани во Февруари следната година.


Возбудени сме што започнуваме со производство во Сандерленд, и што ќе го донесеме Nissan Leaf на европските пазари од Февруари“ – изјави подпретседателот одговорен за производство на Nissan Europe – Kevin Fitzpatrick.

Leaf е важен модел за Nissan – само во Европа се продадени повеќе од 85.000 примероци, а новиот Leaf е уште еден чекор напред кон електричните возила. Според објавеното, Leaf ќе има автономија од 378 километри со едно полнење, а носи и нови технологии, како што се e-Pedal, ProPILOT системот, како и ProPILOT Park. Во Сандерленд се произведуваат и Qashqai и Juke, како и моделите Q30 и QX30 на луксузниот бренд Infiniti. Од следната година таму ќе се произведува и големиот Nissan X-Trail.

Фабриката на Nissan во Сандерленд е најголемата фабрика за автомобили во Обединетото Кралство – годишно може да бидат произведени повеќе од 9 милиони автомобили.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.