Луѓето од Lamborghini сакаат светот да знае дека супер-спортски SUV веќе не е невозможен – бидејќи токму Lamborghini му го овозможи тоа на светот!
Во ред, видеото е можеби малку преамбициозно, и го споредува Urus со некои од врвните достигнувања на нашата цивилизација, но сепак – вреди да биде видено. Колку за потсетување, Urus испорачува 650 коњски сили и 850 Nm вртежен момент кон сите четири тркала, забрзува до 100 километри на час за само 3.6 секунди и постигнува максимални 305 километри на час.