full screen background image
Search

Први официјални фотографии од кабината на новиот Mercedes-Benz G-Class

Еден од најлегендарните автомобили во историјата наскоро ќе добие сериозно обновување – а една од најголемите забелешки беше токму во насока на ентериерот – па затоа G-Class добива целосно нова кабина!


Стратегијата позади новата кабина е едноставна – повеќе простор, повеќе луксуз, повеќе технологии. Приказната започнува со новата централна конзола која сега е „преземена“ директно од новите E и S-Class модели. Купувачите ќе добијат два големи, 12.3-инчни екрани преку кој се прикажуваат сите информации, а некои нивоа на опрема ќе добијат традиционални аналогни инструменти пред возачот и само еден 12.3-инчен дисплеј на средината.

Благодарение на попаметно „пакување“ на ентериерот, кабината сега нуди значително повеќе простор – иако самиот автомобил нема поголеми димензии. Сега возачот и совозачот имаат по околу 4 сантиметри повеќе простор за рамената, а на предните седишта има уште толку повеќе простор за нозете. Многу повеќе простор за нозете сега ќе имаат патниците на задната клупа – дури 15 сантиметри повеќе има меѓу предните и задните седишта. Задната клупа е деллива и аголот на наслонот ќе може да се прилагоди за повеќе комфор.

На фотографиите можеме да забележиме навистина привлечни седишта, Burmeister аудио систем и уште многу, многу други ситници – останува само да имаме трпение до Јануари и Детроитското Ауто Шоу кога официјално ќе биде преставен новиот G-Class.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.