full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Еволуцијата на тркачките волани од Формула 1!

Donut Media во соработка со Racing Hall of Fame Collection ни ја прикажуваат еволуцијата на тркачките волани на најпознатите возачи во историјата на Формула 1.

Во видеото е прикажан напредокот од едноставниот волан со кружен дрвен обрач на Стирлинг Мос од 1957 година, па се до најмодерниот технолошки напреден-волан од денешницата, кој го дефинира необичната форма и располага со екран, најразлични копчиња и прекинувачи за секакви контроли.

Погледнете го видеото и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.