BMW има интересен прекар за новиот X2 – го нарекуваат „Cool X“ и би требало да биде особено привлечен за помладите купувачи кои сакаат подинамичен дизајн.
Дизајнот на X2 е значително различен од оној на X1, со кого дели голем дел од компонентите – традиционалните BMW „бубрези“ се наопаку, а на предниот дел доминираат големите отвори за воздух и тенките предни светлосни групи со LED дневни светла. Аголот на ветробранското стакло е остар, а стаклените површини се прилично мали – сето ова има задача да му даде на X2 подинамичен изглед, односно да не наликува толку на кросовер, туку на поголем хечбек. Се забележуваат изразени карактерни линии кои се интегрираат директно во задните светлосни групи.
Бидејќи ова е „лајфстајл“ модел, можете да добиете тркала со димензии од 17 до 20 инчи, а во зависност од изведбата ќе добиете црни или сиви пластични панели и спортски браници. Ентериерот го следи динамичниот дизајн на екстериерот, и иако не отстапува премногу од кабината на X1, сепак се нафрлени интересни детали кои го издвојуваат од својот постар брат. Купувачите ќе можат да нарачаат LED осветлување во кабината, како и голем 8.8-инчен мултимедијален уред со Head-up дисплеј во боја.
На европскиот пазар X2 ќе се нуди со три различни мотори – X2 sDrive20i ќе добие 2-литарски четири-цилиндарски турбо-бензинец кој испорачува 192 коњски сили и 280 Nm вртежен момент. Ја пренесува силата кон предните тркала преку седум-брзински менувач со двојна спојка, забрзува до 100 километри на час за 7.7 секунди и постигнува максимални 227 километри на час.
Доколку сакате турбодизел, тука се X2 xDrive20d и X2 xDrive25d. Обете верзии користат 2-литарски TwinPower турбодизел кој испорачува 190 односно 231 коњска сила. Силата се пренесува кон сите четири тркала преку 8-брзински StepTronic автоматски менувач. На помоќниот дизелски X2 му се потребни само 6.7 секунди да постигне 100 километри на час.