Toyota TJ Cruiser е визија за комбинација од SUV и повеќенаменско возило – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Toyota TJ Cruiser е визија за комбинација од SUV и повеќенаменско возило

Според гласините, можно е Toyota наскоро да додаде уште едно возило во својата гама – кросовер кој е идеална комбинација меѓу SUV и повеќенаменско возило!


Од Toyota кажуваат дека TJ Cruiser е „најдоброто од обата светови“ и го комбинира стилот на SUV со практичноста на комбе. Според најавите, концептот има одлични шанси да биде преточен во сериски автомобил ако добие позитивен фидбек од публиката. Името TJ означува Toolbox Joy – соодветно, нели?

Подготвеноста TJ Cruiser да стане сериски автомобил се навестува и со фактот дека е поставен на следната генерација на TNGA платформата – односно Toyota New Global Architecture. Оваа платформа полека но сигурно ќе стане основа за повеќето модели на Toyota и со тоа ќе го олесни и забрза носењето на нови продукти на пазарот, а истовремено ќе ги намали трошоците за производство и развој.

Според инженерите одговори за развој на TJ Cruiser – иако сега за сега не потврдуваат ништо конкретно околу моторизацијата – ако концептот отиде во сериско производство ќе добие хибриден систем, а најверојатно и погон на сите четири тркала. Всушност, синото лого поставено на маската на ладилникот сугерира дека и концептот има некаков хибриден погон. Нам ни изгледа одлично, и освежувачки конкретно. Се надеваме дека ќе го видиме еден ден и на нашите улици!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.