Mitsubishi официјално го претстави e-Evolution концептот – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mitsubishi официјално го претстави e-Evolution концептот

По неколкуте најави, јапонскиот производител го претстави својот најнов концепт кој го носи името e-Evolution.

e-Evolution концептот користи три електромотори и батериски модул поставен под подот. Овој систем овозможува погон на сите четири тркала, а Super All Wheel Control (S-AWC) системот на Mitsubishi би требало да му овозможи на кросоверот управување како на спортски автомбоил. Интересно е што кај концептот Mitsubishi за прв пат претставува сопирачки кои се електронски контролирани, наместо хидраулично.

Кај концептот дебитираат и многу други нови технологии, но најважна е AI компонентата која користи вештачка интелигенција за да научи како возачот го управува возилото и постепено да ги усовршува неговите техники.

Од аспект на дизајнот – концептот е несомнено модел на Mitsubishi. Храбрите форми и несекојдневните линии се нешто што го очекуваме од Mitsubishi – и токму тоа и го добиваме. Овој концепт најверојатно нема да резултира со сериски автомобил, но сигурни сме дека некои дизајнерски детали ќе го пронајдат својот пат до конкретен модел.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.