full screen background image
Search

Регулаторна: Поскапува дизелот, бензините со иста цена

Регулаторната Комисија за Енергетика пред само неколку минути ги објави новите цени на горивата – од вечерва на полноќ, дизелот поскапува!

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 2.80 проценти.

Тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 не се менуваат, и еден литар од овие горива ќе продолжи да чини 63.50 односно 65 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 2 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 51.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.