Ова утро го започнуваме со видео од прекрасните патишта на Италијанските Алпи, извозени од неколку модели на спортскиот Германски бренд.
Фотографот Стефан Богнер и авторот Јан Карл Баедекер веќе објавија импресивна и успешна книга наречена “Porsche Drive – 15 passes in 4 days”, во која го дефинираат перфектниот пат за долга трка низ Алпите. Со нивната нова книга “Porsche Drive – Stelvio” тие сега испорачуваат величествено визуелно дело посветено на преминот Stelvio, документирано во над 300 страници од спектакуларни воздушни слики, анегдоти и интервјуа. За уште подобра презентација на книгата, тие го создадоа ова извонредно видео.
Погледнете ги прекрасните снимки и нека ви започне убаво денот!