TVR се враќа на сцената со нов, хај-тек, супер-лесен Griffith! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

TVR се враќа на сцената со нов, хај-тек, супер-лесен Griffith!

Легендарниот британски производител TVR се враќа на сцената со нов автомобил – кој на голема врата ја најавува новата, хај-тек иднина на брендот!

Ајде да започнеме со оние, важните работи. Дизајнот изгледа несекојдневно и футуристички, но истовремено ги задржува пропорциите на класичен спортски автомобил. Доооолга предница и краток, остар заден дел. Под поклопецот се крие 5-литарски V8 бензинец (кој обично се наоѓа под поклопецот на Ford Mustang GT) доработен од Cosworth кој сега испорачува околу 480 коњски сили (и TVR ветува однос од 400 коњски сили на еден тон тежина).

Супер-лесната (и супер-модерна конструкција) која е дело на незаменливиот Gordon Murray (да, истиот оној Gordon Murray кој стои позади McLaren F1) ветува одлични перформанси. TVR го користи iStream процесот за производство развиен од Gordon Murray (а тој стои и позади дизајнот на новиот Griffith) кој гарантира супер-цврста платформа и ниска тежина. За изработката на Griffith се користени карбон-композити кои се залепени за алуминиум и челик. Дури и и каросеријата е изработена од лесни композити – па благодарение на тоа Griffith тежи само 1250 килограми.

Моторот е поврзан со мануелен, 6-брзински Magnum Tremec (колку мачо тоа звучи) менувач, и ја пренесува силата кон задните тркала. TVR Griffith добива и нов, модерен ентериер кој би требало да го направи автомобилот полесен за секојдневно користење, а дел од него е и нов инфозабавен уред кој ги нуди сите модерни функционалности. Веќе се распродадени сите Launch примероци, а производството се очекува да започне следната година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.