Mercedes-Benz објави уште една скица од новиот електричен концепт кој ќе го претстави во Франкфурт!
Благодарение на објавената скица од новиот електричен концепт на Mercedes-Benz, дознаваме дека се работи за хечбек (што и можеше да се очекува од „А“ делот во ознаката) со три врати и динамични пропорции.
Дизајнот, кој го потпишува македонскиот дизајнер кој работи за Mercedes-Benz – Славче Таневски – е одлика на времето, но и насоките кон кон се движи германскиот премиум производител со своите електрични возила. Можеме да забележиме чисти и мазни форми, авантгардни елементи и динамични пропорции.
Mercedes-Benz веќе објави две скици од новиот EQ A, но ова е прва скица каде подобро се гледа формата на концептот. Наскоро ќе дознаеме повеќе!