Деби на Opel Insignia GSI Sports Tourer со новиот 210-коњски турбодизел – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Деби на Opel Insignia GSI Sports Tourer со новиот 210-коњски турбодизел

Само еден ден по претставување на новиот мотор, Opel ја претстави караванската изведба на Insignia GSI која го носи токму 210-коњскиот турбодизел!

Како што веќе знаеме од вчерашната објава, новиот битурбо четири-цилиднерски турбодизел испорачува 210 коњски сили и 480 Nm вртежен момент. Овој мотор му овозможува на големиот караван да постигне 100 километри на час за 7.9 секунди и да продолжи да забрзува до максимални 231 километар на час.

Исто како бензинската Insignia GSI, дизелската изведба ќе се нуди со 8-брзински автоматски менувач и ќе ја испраќа силата кон сите четири тркала. Автомобилот е 10 милиметри поблиску до подлогата, носи големи 20-инчни тркала, спортски сопирачки кои ги потпишува Brembo, како и многу други спортски детали. Интересен новитет кај GSI моделите е Competition режимот на возење кој му дозволува на возачот целосно да ги исклучи системите за безбедност.

Новите GSI изведби на Insignia ќе бидат изложени во Франкфурт следната седмица, каде на сцената ќе им се приклучат уште неколку новитети. Истовремено, денес Opel се пофали дека новата Insignia освои максимални пет ѕвездички на EuroNCAP тестирањата за безбедност на возилата.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.