full screen background image
Search

Протекоа првите фотографии и информации за новиот BMW X7 iPerformance концепт!

Со новиот концепт, баварскиот производител го најавува новиот голем SUV кој ќе биде поставен на врвот на хиерархијата на теренците кои ги нуди.


Дизајнот на големиот SUV е прилично храбар – почнувајќи од димензиите, па сè до многуте метални и хромирани детали – ова  не е автомобил за оние кои сакаат да поминат незабележани. Вертикалната маска на ладилникот малку наликува на нешто што би го очекувале од Rolls Royce (кој е во сопственост на BMW). Авантгардниот дизајн продолжува околу целиот концепт, и кулминира со тенките хоризонтални задни светла кои се споени со широка хоризонтална линија.

Слична е приказната и во ентериерот, каде преовладуваат хај-тек решенија, многу, многу различни дисплеи и врвни материјали.

Сите детали би требало да ги имаме наскоро, но сега за сега се шпекулира дека концептот е придвижуван од хибриден погон кој секористи и во 740e iPerformance – кој вклучува турбо-бензинец со четири цилиндри, електромотор и батерија од 9.2 kWh.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.