full screen background image
Search

MINI ќе донесе тркачки John Cooper Works GP Concept во Франкфурт

Концептот кој MINI ќе го претстави на Франкфуртското Мотор Шоу е инспирирано од рели-успесите на брендот, особено од Монте Карло релито од 1967-ма година!


Агресивниот концепт не само што има големи, 19-инчни тркала, туку има и агресивен бодикит со многу спојлери и додатоци за подобрување на аеродинамиката. Најекстремен пример се проширените задни крила кои помагаат во насочувањето на воздухот, а интересен е и големиот заден спојлер кој го надополнува централно-поставениот издув.

Концептот е замислен како тркачки автомобил, па од кабината се извадени сите споредни системи. Сепак, кабината добива тркачки кафез, две тркачки седишта и безбедносни појаси во пет точки.

Сега за сега од MINI не објавуваат што е задолжено за придвижување на малиот тркачки карбонски монструм, но кажуваат дека автомобилот е „забава во возењето во својата најчиста форма.“ Нема најава ни за евентуално сериско производство на малиот бетмобил – но ние би рекле – ајде MINI, ајде!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.