full screen background image
Search

BMW Z4 Concept дебитираше на Pebble Beach!

Со концептот кој го претстави на Pebble Beach, BMW го најавува новиот Z4 кој треба да пристигне во салоните следната година!

Концептот го дефинира моќен екстериер, но во компактни пропорции. Според она што го кажуваат од BMW, ова е како би требало модерен и авантгарден роудстер да изгледа. Секако, концептот има многу класични роудстер детали – долго меѓуоскино растојание, ниска силуета, дооооолг поклопец на моторот и краток, скоро вертикален заден дел.

Според Adrian van Hooydonk, дизајнерот на BMW – „BMW Z4 Concept го изразува дизајнерскиот јазик на BMW од сите перспективи и во сите детали. Од динамичниот преден дел, до изразените стррани и чистиот заден дел – неколку линии и нивната суптилна игра се доволни да генерираат чувство на моќ и емоции.“

Од самиот старт дизајнерите на BMW сакале да направат визуелна врска меѓу екстериерот и ентериерот, па на многу површини во кабината се користи истата боја како и на екстереирот. Но уште поинтересен е пристапот кон „издвојување“ на возачот – па така возачкото седиште и панелите околу него се црни, а совозачкото седиште и другите панели се во бојата на екстериерот. Панелот со инструменти и централниот дисплеј се закосени кон возачот, а возачот ќе може да добива информации и преку Head-Up дисплеј. Според BMW, сите контроли се идеално поставени за да не го попречуваат возачкото искуство.

Секако, концептот е само најава за серискиот модел кој треба да пристигне во текот на следната година.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.