full screen background image
Search

Бојата на ова Porsche 911 Turbo S чини 82.000 евра!

Exclusive одделот на Porsche секоја година подготвува екстремно-ограничен број на возила офарбани со Chromaflair боја – а таа боја може да биде навистина, навистина скапа!

Бојата на ова Porsche се вика Pyhton Green, а овој 911 Turbo S е еден од само пет примероци кои Porsche ќе ги покрие во „Chromaflair“ боја оваа година. Другите бои се сина, златна и виолетова.

Според еден Instagram корисник кој успеал „да го начека“ овој примерок, бојата чини застрашувачки 82.645 евра! Секако, ексклузивноста си има цена, и има луѓе кои се подготвени да ја платат оваа ексклузивност, а ова покажува до каде се подготвени да отидат луѓето од Porsche Exclusive за да ги задоволат побарувањата на своите клиенти.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.