Дали носите појас кога се возите на задното седиште? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Дали носите појас кога се возите на задното седиште?

Неодамна, американскиот IIHS објави студија која се занимава со носењето појас на задното седиште – и резултатите кажуваат дека значително помалку луѓе „се врзуваат“ кога седат позади.

Во истражувањето на IIHS (Insurance Institute for Highway Safety) биле опфатени 1172 испитаници – и 91% кажале дека носат појас кога седат напред, но кога се возат во такси, помалку од 60% од испитаниците кажале дека не носат појас кога седат на задните седишта. Кога се возат во свое возило, бројката е значително подобра – но сепак само 72% носат појас на задното седиште.

Според анкетираните, луѓето веруваат дека задното седиште е побезбедно и дека појасот не е потребен. Но истражувањата докажуваат дека кога не носите појас на задните седишта, не само што можете да се повредите себеси – можете да ги повредите и другите во автомобилот. Во некои случаи, може да се случи неврзаниот патник да го убие врзаниот патник на предното седиште.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.