full screen background image
Search

Вечерно Кино: Volkswagen го најавува T-Roc и се подготвува за премиерата на 23-ти Август

Volkswagen се подготвува да го претстави својот прв мал SUV – кој ќе го носи името T-Roc и ќе дебитира овој месец!

Во хиерархијата на Volkswagen, T-Roc ќе биде поставен под Tiguan, но истовремено ќе таргетира помлади купувачи па ќе има похрабар дизајн од својот поголем и посериозен брат. Ќе биде поставен на MQB A0 платформата која ќе ја дели со новото Polo, како и новите Seat Ibiza и Seat Arona.

Во понудата ќе се најдат очекуваните TSI и TDI мотори, а се најавува дека купувачите ќе можат да изберат меѓу погон на предните или на сите четири тркала, а ќе можат да изберат и меѓу мануелен менувач или пак DSG автоматски менувач со двојна спојка.

Наскоро ќе дознаеме повеќе, а сега за сега можеме да го видиме видеото со кое Volkswagen го најавува T-Roc и во кое зборува за неговиот дизајн.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.