full screen background image
Search

BMW ќе го прослави 40-тиот роденден на Серијата 7!

Баварскиот производител ја претстави специјалната 7-Series Edition 40 Jahre која е создадена да ја прослави 40-годишнината на големиот луксузен седан.


Славеничката верзија ќе дебитира на Саемот на Автомобили во Франкфурт во Септември – и е навистина ексклузивна – ќе биде произведена во само 200 примероци!

Купувачите ќе можат да изберат меѓу Frozen Silver или Petrol Mica бои за екстериерот (кои патем, доаѓаат од BMW Individual програмата). Автомобилот добива и M Aerodynamics пакет, Shadow Line пакет, 20-инчни BMW Individual тркала и специјални ознаки на екстериерот.

За во кабината, купувачите ќе можат да изберат меѓу BMW Individual кожа и Merino кожа во Smoke White/Cohiba бои, или пак Smoke White/Black бои. Сите 200 примероци ќе добијат Comfort седишта напред и позади, како и специјални ознаки во кабината. Интересно – сите 200 примероци ќе добијат и специјални BMW Individual перничиња, како и специјални патосници.

Продажбата ќе започне во Октомври, а купувачите ќе можат да изберат меѓу стандардната верзија и верзијата со продолжено меѓуоскино растојание, како и било кој од моторите со шест, осум или дванаесет цилиндри кои се нудат во Серијата 7.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.