full screen background image
Search

95-октанскиот бензин поскапува половина денар!

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави старо-новите цени на горивата – и единствено цената на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за половина денар.

Согласно методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се намалуваат во просек за 0.17%.

Преведено во конкретни цени, тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата остануваат непроменети, и еден литар од овие горива ќе продолжи да чини 62.50, односно 47 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за 0.5 денари, и еден литар 95-октански бензин ќе чини 61 денар.

Старо-новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.