full screen background image
Search

Ford Focus RS подготвен за Tour de France!

Синиот Овал ја продолжува соработката со Team Sky – па велосипедскиот тим веќе доби нов Focus RS кој ќе го користат како возило за поддршка на овогодинешниот Tour de France!


Мега-хечот на Ford не само што добива специјални бои со кои директно се поврзува со Team Sky, туку добива и специјални носачи за велосипеди кои можат да издржат товар до 350 килограми, и е подготвен да пренесе не само членови на тимот, туку и резервни велосипеди, резервни делови, пијалоци и голем фрижидер.

„Тркањето на две тркала продолжува да ја предизвикува имагинацијата на фановите ширум Европа – и е поддржано од најдобрата можна поддршка на четири тркала. Возбудени сме што ќе продолжиме да го поддржуваме Team Sky во нивните напори за понатамошен успех“ – изјави Roelant de Waard, одговорниот за маркетинг, продажба и поддршка во Ford of Europe.

Покрај моќниот Focus RS, Team Sky ќе има на располагање и нов S-Max, Edge, Transit и неколку примероци на Mondeo караван. Им посакуваме среќа на Tour de France!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.