full screen background image
Search

Пристигна и Mazda MX-5 RF!

Во салонот на Mazda во Скопје стигна и привлечната изведба на MX-5 со цврст покрив која ја носи ознаката RF!

Тарга-кровот на малата Mazda MX-5 RF му овозможува на спортскиот роудстер да понуди повисоко ниво на рафинираност, па затоа многу е интересен за многу купувачи. MX-5 RF се нуди со истите 1.5 и 2-литарски атмосферски бензинци кои испорачуваат 130, односно 160 коњски сили.  Интересно е што тарга кровот се префрла во истиот простор каде се собира и платнениот кров кај обичната MX-5, па багажниот простор од 130 литри останува непроменет. Кровниот дел може да се нарача во контрастна боја, или пак истата боја како и остатокот од каросеријата.

Цените за во Македонија почнуваат од 32.980 евра за Mazda МX-5 RF со 1.5-литарскиот бензинец со 130 коњски сили и Revolution ниво на опрема. Врв на понудата е Mazda MX-5 RF Ultimate со 2-литарскиот бензинец кој нуди 160 коњски сили, и чини 38.980 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.