full screen background image
Search

Peugeot ќе оди по третата последователна Dakar титула со новиот 3008DKR Maxi!

Францускиот производител веќе има две победи на легендарниот Дакар – и со новиот 3008DKR Maxi ќе се обиде да го претвори тоа во хет-трик!

Новиот автомобил се вика 3008DKR Maxi, и е очекувана еволуција на 3008DKR со кој Peugeot едноставно доминираше минатата година. Основните детали се исти – но новиот 3008DKR Maxi е скоро цели 20 сантиметри поширок, со цел подобро да може да се справи со нерамниот терен кој е дел од Dakar релито.

Сега за сега не се објавени детали за моторот, но најверојатно ќе го носи истиот 3-литарски V6 турбодизел со два турбополначи кој испорачува 340 коњски сили и 800 Nm кон задните тркала. 3008DKR Maxi ќе го има своето деби следниот месец, и тоа на Silk Way релито кое минува низ Русија и Кина. Зад воланот на еден од автомобилите ќе биде несопирливиот Sebastien Loeb, задолжен за второто ќе биде тековниот Дакар шампион Stephane Peterhansel, а задолжен за третото возило ќе биде минатогодинешниот победник на Silk Way – Cyril Despres. За Дакар, Peugeot ќе има и четврто возило – а за него задолжен ќе биде легендарниот Carlos Sainz.

За новиот 3008DKR Maxi, Sebastien Loeb изјави дека „новиот автомобил е сега значително постабилен, и чувството е различно во возење. Со поширката трага и големите тркала, може да оди помалку или повеќе било каде. На некои места возилата со погон на сите четири тркала ќе бидат подобри, но предноста на нашето возило е дека може да се справи со секаков терен, особено песочните дини!“

Им посакуваме многу среќа – како на Silk Way, така и на Dakar во Јануари!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.