full screen background image
Search

Практикантите во Skoda направија електричен баги од малиот Citigo

Малиот електричен концепт се вика Element и е базиран на компактниот градски Citigo – а негови автори се 22 студенти од практичното уличиште на Skoda!

Skoda Element е уникатна конверзија – не само што веќе го нема кровот и ентериерот е целосно преработен, туку студентите го „откачија“ и класичниот мотор со внатрешно согорување и на негово место ставија електричен погон. Според она што го објавија од Skoda, во трансформацијата се потрошени преку 1500 работни часови, а целиот профил на автомобилот е значително изменет и во малиот багажен простор сега има аудио систем.

За жал, Element ќе остане само концепт, и најверојатно никогаш нема да видиме сериски модел базиран на него. Но интересно е да се види насоката кон која се движи чешкиот бренд – тие најавија електрификација на голема врата, и ова е интересен вовед токму во тоа – по големиот Vision E кој го најавија на саемот на автомобили во Шангај.

Ајде Skoda, пуштете го во сериско производство, многу е кул!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.