full screen background image
Search

Новата Opel Insignia Grand Sport промовирана во Македонија!

Целосно-новата Opel Insignia Grand Sport вчера ја имаше својата македонска премиера – и најавува сериозна борба со конкурентите во сегментот!

За време на премиерата на новата Insignia, зборот „премиум“ беше спомнат повеќе од неколку пати – а тоа јасно ги нагласува амбициите кои Opel ги има со новата Insignia. На прв контакт – има и зошто – Insignia Grand Sport изгледа авантгардно и привлечно, со чисти површини и привлечни дизајнерски елементи со кои ќе се обиде да го задржи вниманието на купувачите.

Новата Insignia Grand Sport со себе носи многу новитети и е дел од 7 in 17 агендата на Opel (за која веќе пишувавме). Insignia Grand Sport не само што добива нов дизајн, туку добива и нова платформа, нови мотори, нови менувачи и грст нови технологии со кои ќе се бори директно со докажани и популарни конкуренти во сегментот. Вреди да ги истакнеме новите, интелигентни IntelliLux LED предни светла, но и адаптивниот темпомат, Head-Up дисплејот, системот за асистенција при паркирање но и целата гама безбедносни системи. Секако, не смееме да ги заборавиме ниту IntelliLink напредниот систем за конективност кој овозможува лесно врзување со паметни телефони, можност за безжично полнење на мобилен уред и уште многу, многу други ситници.

Како специјално изненадување за време на македонската премиера на Insignia Grand Sport, беше претставен и првиот од новата гама Crossover и SUV модели на Opel – новиот Crossland X. Компактниот кросовер ја заменува Meriva и се појавува во момент во кој популарноста на ваквите модели е навистина голема, па Opel се надева дека ќе успее да привлече нови купувачи.

Поврзано:   30 Години Opel Astra - Бестселер и амбасадор на промени!

Првиот впечаток од новата Insignia Grand Sport е позитивен. Се забележува дека дизајнерите и инженерите на Opel посветиле внимание на деталите, и се надеваме дека наскоро ќе имаме можност подобро да ја запознаеме и да ви ги пренесеме и нашите впечатоци. Цените започнуваат од 23.036 евра за Insignia Grand Sport опремена со 1.5-литарски турбо-бензинец со 140 коњски сили и 6-степен мануелен менувач.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.