Volkswagen го најавува новото Polo – премиерата е во петок! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen го најавува новото Polo – премиерата е во петок!

Во петок ќе биде претставена најновата генерација на Volkswagen Polo – кое ќе биде поставено на MQB A0 платформата и ќе носи грст новитети во сегментот!


Благодарение на MQB A0 платформата, новото Polo ќе биде за нијанса поголемо, но и полесно од сегашниот модел. Всушност, Polo ќе биде вториот модел кој е базиран на оваа платформа – по новата Seat Ibiza. Сепак, новото Polo ќе добие нови мотори и грст нови технологии кои претходно не сме ги виделе во оваа класа – а веќе се шпекулира дека Polo можеби ќе ги добие и полу-автономните технологии од Golf.

Во кабината најверојатно ќе може да се добие дигиталниот дисплеј за инструменти, како и нов мултимедијален уред. Според она што се најавува, Polo најверојатно ќе добие и нова лепеза на посилни бои, со кои ќе се обиде да привлече помлади купувачи, а ќе може да се добие со три и пет врати. Сега за сега не се потврдени моторите кои ќе се вградуваат, но можеме да очекуваме 1-литарски TSI во неколку изведби, како и новиот 1.5-литарски TSI, а за оние кои ќе сакаат турбодизел тука ќе биде 1.6-литарскиот TDI во неколку варијанти.

Сега за сега не е потврдено, но сосем можно е понатаму да добиеме хибридно или целосно-електрично Polo, со оглед на инвестициите кои Volkswagen групацијата ги прави во електрификација на својата гама. Премиерата е закажана за овој петок!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.