KIA најавува нов суб-компактен кросовер – ќе се вика Stonic – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

KIA најавува нов суб-компактен кросовер – ќе се вика Stonic

KIA официјално го објави името на својот нов суб-компактен SUV – малиот теренец ќе се вика Stonic и би требало да пристигне на пазарот во втората половина од оваа година.

Сега за сега од KIA не објавуваат многу детали за новиот субкомпактен кросовер, но според она што можеме да го видиме на официјалните скици, Stonic ќе биде динамичен и модерен автомобил со силни карактерни линии. Од KIA кажуваат дека Stonic ќе има „европска кабина која ќе ги следи насоките од екстериерот, со прави линии, мазни површини и геометриски дизајнерски елементи.“

Дополнително, од KIA кажуваат дека Stonic би требало да понуди одлична просторност со оглед на димнезиите, како и „лебдечки“ интерфејс кој ќе ги искористи можностите на паметните телефони и ќе ги интегрира со функционалностите на автомобилот. Најавено е дека екстериерот ќе може да се персонализира според барањата на клиентите, а во Европа ќе се нуди со 1.4-литарски турбо-бензински и 1.6-литарски турбодизел мотори. Сега за сега не е потврдено дали ќе се нуди само со погон на предните, или ќе има и можност за погон на сите четири тркала.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.