X-Trail доби дискретно затегнување, но со фејслифтот ги доби и новите ProPILOT технологии за автономно возење!
Исто како и американскиот Rogue, најголемиот SUV на Nissan во Европа – X-Trail – доби „затегнување на брчките.“ Визуелно, фејслифтот на јапонскиот SUV му носи изменет преден лик со преработена маска на ладилникот, поголемо лого, заострени предни светла со LED дневни светла и редизајнирани светла за магла. Сите овие измени се во стилот на V-Motion ликот на Nissan, а дискретните измени продолжуваат и околу остатокот од автомобилот.
Со освежувањето, Nissan X-Trail добива и hands-free отворање на вратата на багажникот, адаптивни LED предни светла, нови 18-инчни тркала и грст нови бои во кои ќе може да се нарача. Сепак, можеби најважниот новитет е ProPILOT техонологијата за автономно возење на Nissan. Oвoj систем – според Nissan – може да го „контролира управувањето, забрзувањето и сопирањето во една лента на отворен пат во време на густ сообраќај или при крстосување со високи брзини.“ Системот е дел од гамата на технологии која Nissan ја нарекува Intelligent Mobility, а дел од оваа гама се и Intelligent Emergency Braking со препознавање пешаци, како и Rear Cross Traffic Allert.
Понудата на мотори останува иста – односно во понудата остануваат трите мотори кои се нудеа и досега. Основниот мотор е 1.6-литарски турбодизел со 130 коњски сили кој може да се комбинира со рачен менувач или со CVT автоматски менувач, погон на предните или погон на задните тркала. Тука е и поголемиот, 2-литарски турбодизел кој за прв пат се понуди во X-Trail минатата година. Поголемиот турбодизел исто така може да се добие со погон на предните или сите четири тркала, како и истите менувачи.
Оние кои не сакаат дизел ќе мораат да се задоволат со 1.6-литарскиот турбо-бензинец кој испорачува 163 коњски сили. Овој мотор може да се добие само со мануелен менувач и погон на предните тркала.
Луѓето од Nissan се горди на X-Trail – досега повеќе од 115.000 примероци се испорачани на купувачи ширум Европа и продажбата е двојно зголемена во 2015 во однос на 2014. Фејслифтираниот X-Trail ќе започне да се продава во Август оваа година.