Prior Design подготви дискретен проширен бодикит за Audi R8 V10! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Prior Design подготви дискретен проширен бодикит за Audi R8 V10!

Суперавтомобилот на Audi изгледа одлично самиот по себе – но новиот проширен бодикит од Prior Design му дава поагресивен и поспортски лик!

Оние кои сакаат малку поагресивен лик на својот R8 V10, можат да го добијат тоа од Prior Design. Бодикитот е дискретен и скоро и да не изгледа како да е „додаден“ врз стандардниот автомобил.

Агресивноста е зголемена благодарение на проширените преден и заден дел. Автомобилот добива додатоци на предните и задните крила, нови странични прагови со отвори за воздух, нов преден браник со додатоци и мал спојлер, а изменет е и предниот поклопец. Секако, ниту еден автомобил не би бил комплетен без нови тркала – а тука доаѓаат 20-инчни тркала обвиени во спортски пневматици, како и преработена суспензија која го доближува автомобилот до подлогата. Оние со поголем буџет можат да добијат и редизајниран издувен систем и доработки во кабината.

Интересно, зарем не?

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.