Чешкиот производител има со што да се пофали – новата Octavia RS 245 е најмоќната Octavia во историјата на брендот – забрзува „до стотка“ за само 6.6 секунди!
Skoda ја претстави најмоќната Octavia уште во Февруари, но ја искористија можноста повторно малку да се пофалат со 245-коњската изведба на овој модел. Octavia RS 245 има на располагање (погодувате) 245 коњски сили – благодарение на кои забрзува до 100 километри на час за 6.6 секунди и постигнува (електронски-ограничени) 250 километри на час.
Octavia RS 245 ќе ја препознаете по неколкуте дискретни визуелни измени – покрај редизајнираните светлосни групи кои доаѓаат со фејслифтот, добива и сјајно-црни отвори за воздух на предната маска, дискретен спојлер на вратата од багажникот, како и сјајно-црни 19-инчни тркала. Во кабината ќе добиете LED амбиентално осветлување, спортски седишта покриени во алкантара со црвени или сиви опшивки, управувач со перфорирана кожа и уште многу други ситници.
Цените сè уште не се објавени, но сигурно веќе можете да нарачате – и тоа ќе можете да изберете меѓу хечбек со пет врати или пак караван.
- HyperFocal: 0