По аквизицијата на Opel, PSA се подготвува за глобална експанзија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

По аквизицијата на Opel, PSA се подготвува за глобална експанзија

Информацијата – која доаѓа директно од фамилијата Peugeot – кажува дека францускиот концерн има планови за глобална експанзија благодарение на купувањето на германскиот бренд.

Во заедничко интервју за германскиот Welt am Sonntag, Jean-Philippe Peugeot и Robert Peugeot изјавија дека аквизицијата на Opel „ќе и овозможи на групацијата да го освои остатокот од светот, чекор по чекор“ и дека тоа е важна цел за PSA. Peugeot фамилијата контролира 22.19 проценти од гласачките права во PSA Group, како и 13.68 проценти од капиталот на компанијата.

Robert Peugeot, кој е на чело на стратешкиот комитет на PSA Group, изјави за весникот дека иако постојат поголеми производители (доколку се мери по годишната продажба), сепак она што е важно е да се има најмалку три милиони возила произведени за еден значаен пазар, за да се добие вистинска економија од размер. „Сите производители имаат волумен од три милиони возила на еден значаен пазар“ – изјави тој, и додаде дека купувањето на Opel ќе и помогне на групацијата во овој аспект.

Сепак, тој додаде дека иако комбинацијата од француските и германски брендови го зголемува пазарниот удел во Европа, брендовите остануваат помалку или повеќе независни, барем сега за сега – „Opel е силен на пазари каде PSA групацијата не е толку силна“ – изјави Robert Peugeot и објасни дека Opel во германија продава повеќе возила од Peugeot, DS и Citroen заедно, а Vauxhall продава повеќе возила во Велика Британија од сите брендови на PSA.

Според Jean-Philippe Peugeot, зделка меѓу Французите и Германците била размислувана веќе со години, дури и пред 2012 кога GM и Peugeot потпишаа договор за заедничко развивање на некои патнички возила, но тогаш не било вистинското време.

Поврзано:  Златно Тркало 2025: Најпосакуваните автомобили се Cupra Formentor, Audi A5, Peugeot 3008, Geely Coolray и Opel Grandland!

Изгледа дека оваа година ќе биде добра за францускиот концерн – тие веќе ја освоија наградата Европски Автомобил на Годината со новиот Peugeot 3008 SUV, а до крајот на оваа година се очекуваат уште неколку новитети и освежувања.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.