Женева 2017: Skoda го освежи Rapid со LED технологија и нов мотор! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Женева 2017: Skoda го освежи Rapid со LED технологија и нов мотор!

Чешкиот бренд подготви суптилни, но ефективни промени со цел да го модернизира моделот Rapid на средината од неговиот животен век.

Најголемите промени се наоѓаат на предниот дел, каде поопремените модели ќе доааат со би-ксенон светлосни групи со LED дневни светла, кои им даваат попремиум изглед. Предниот браник исто така претрпел некои измени и сега вдомува нови светла за магла слични како оние кај обновената Octavia.

Останатите измени на задниот дел содржат нови постилски светла со LED осветлување во форма на буквата ‘C’, како и редизајниран браник. Кај Spaceback изведбата, задното ветробранско стакло е зголемено и овозможува подобра прегледност од претходно. Во изборот се додадени нови алуминиумски тркала во различни дизајни и големини од 15 до 17 инчи.

Под површината, инженерите на Skoda го вметнале новиот 1.0-литарски три-цилиндарски турбо-бензинец, кој ќе биде понуден во две верзии: 95 и 110 кс. Останатите агрегати во палетата вклучуваат 1.4 TSI агрегат со 125 кс, како и 1.4 и 1.6 TDI мотори со 90 и 116 кс.

Skoda го прикажува освежениот Rapid овие денови во Женева, каде им прави друштво на новиот Kodiaq, заедно со обновениот Citigo и редизајнираната Octavia.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.