Новиот Zenvo TS1 GT „командува“ 1163 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Zenvo TS1 GT „командува“ 1163 коњски сили!

Компанијата Zenvo Automotive ја претстави специјалната серија од нивниот хиперавтомобил која пакува 1,163 кс и 1,100 Nm вртежен момент.

Моделот е создаден по повод 10 годишнината на компанијата и е обоен во Fjord Blue боја со бронзени украсни ленти. Неговата каросерија е целосно направена од карбон и е поставена на монокок шасија од мешавина од лесен чели и алуминиум, а има керамички вентилирани диск-сопирачки за да ја постигне ниската тежина од 1,580 килограми.

Под поклопецот се наоѓа моќен 5.8-литарски V8 агрегат со два компресори кои му овозможуваат сила од 1,163 кс при 7,700 вртежи и максимален вртежен момент од 1,100 Nm достапни при истите вртежи во минута. Целата сила се испорачува кон 20-инчните задни тркала преку седум-степен „Dog Box“ менувач и Torsen диференцијал со ограничено пролизгување. Zenvo објавува дека ново развиената трансмсија обезбедува ултрабрзи промени на степените од само 40 милисекунди.

Благодарение на сето тоа, TS1 GT е способен да постигне забрзување од 0-100 км/ч за само 2.8 секунди кон неговата максимална брзина од 375 км/ч.

Не се објавени фотографии од неговиот ентериер но Zenvo вели дека кабината сега располага со симетричен дизајн и користи комбинација од кожа и карбон фибер. Делот околу инструментите како и прекинувачите се со специјална изработка од бакар и родиум и грубо чинат околу 180,000 долари. За создавање на еден ентериер на TS1 GT се потребни речиси 8,000 работни часови.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.