full screen background image
Search

Skoda Fabia добива 1-литарски три-цилиндарски турбо-бензинец со 110 кс

Супермини моделот на Skoda добива нов мотор со помала зафатнина, но повисок вртежен момент и подобрена економичност.

Најновата генерација на Octavia е првиот модел на Skoda кој го доби малиот три-цилиндарски турбо-полнет мотор со 1-литарска зафатнина во својата гама, а сега тој ќе го најде своето место и во помалите модели.

Достапен кај пет-вратниот хечбек и караван верзијата, малиот турбо-бензинец служи како замена за стариот 1.2-литарски четири-цилиндарски мотор. Иако е помал, тој испорачува за 25 Nm повисок вртежен момент во споредба со неговиот претходник, за целосна бројка од 200 Nm, додека пак бројот на коњските сили останува непроменет. Покрај тоа, Skoda вели дека 1.0 ТСИ e до шест проценти поекономичен.

Една од причините зошто Fabia 1.0 TSI ќе биде поштедлив е фактот дека три-цилиндарскиот агрегат користи алуминиумски блок кој тежи 10 килограми помалку од претходниот 1.2-литарски мотор.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.