Женева 2017: Nissan го освежи Qashqai и му даде полу-автономна ProPilot технологија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Женева 2017: Nissan го освежи Qashqai и му даде полу-автономна ProPilot технологија

Еден од најпопуларните модели на Nissan – кросоверот Qashqai – го доби својот фејслифт, а со него и полу-автономната ProPilot технологија на јапонскиот бренд.

ProPilot технологијата му овозможува на освежниот Nissan Qashqai самиот да се управува, но и да ја зголемува и да ја намалува брзината кога вози во коловозна лента на отворен пат. Од Nissan очекуваат дека ова ќе го направи Qashqai уште попрактичен и полесен за подолги патувања.

Освежениот Qashqai добива суптилно ревидиран лик, кој сега наликува на новата Micra, но дел од приказната е и нов поклопец на моторот, ревидирани светлосни групи, како и нови задни светла со „бумеранг“ дизајн и тродимензионална графика.

Во кабината купувачите ќе добијат поквалитетни материјали, подобрен дизајн на централната конзола и најновите технологии на брендот. Кабината добива и нов мултифункциски управувач со сатенско-хромирани детали и нов контролер за дисплејот поставен во инструмент-таблата. NissanConnect инфозабавниот систем доаѓа со DAB дигитално радио и сателитска навигација, и добива нов интерфејс, а купувачите ќе можат да нарачаат и BOSE премиум аудио систем со седум звучници.

Инженерите на Nissan гордо истакнуваат дека посветено е внимание и на суспензијата, дампирањето и управувањето, а дека е подобрена и звучната изолација низ целиот автомобил. Гамата на мотори останува иста, а најпопуларниот мотор останува 1.5-литарскиот dCi со 110 коњски сили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.