Женева 2017: Renault ZОЕ e-sport Concept – електрична џебна ракета со 460 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Женева 2017: Renault ZОЕ e-sport Concept – електрична џебна ракета со 460 коњски сили!

Францускиот бренд го претстави новиот ZОЕ e-sport концепт на Женевскиот саем, кој располага со два електрични мотори со вкупна сила од 460 кс и 640 Nm вртежен момент.

Базиран на супермини моделот ZOE, новиот електричен концепт се потпира на тригодишниот успех на Renault во шампионатот на Formula E на FIA и ги применува сличните стилски елементи и бои како нивниот тркачки болид.

Лесната каросерија на ZOE e-sport e направена од карбон, а неговата целосна тежина не надминува 1,400 килограми, вклучувајќи ги 450 килограми тешките батерии од 40 kWh. Како резултат на тоа е забрзувањето од 0-100 км/ч за само 3.2 секунди, додека максималната брзина е ограничена на 210 км/ч, но за да биде постигната се потребни само 10 секунди.

Лесната структура овоможува високи перформанси, како и високи нивоа на тракција во управување во свиоци. Шасијата е опремена со тубуларен челичен заштитен кафез со заштитни панели од кевлар – целосно во согласност со безбедносните FIA стандарди. Во поглед на аеродинамиката, тука е предна брана, рамен под, дифузер инспириран од Formula E и голем карбонски спојлер на багажникот.

Исто како во Formula E, возачот може да ги прилагоди сетинзите на погонската единица и да ја контролира потрошувачката на енергија. Инструмент таблата доаѓа со три зони кои дозволуваат управување со менувачот, режимите на возење, па дури и дистрибуцијата на силата на сопирање. Исто како и болидите од споменатиот шампионат, единствените звуци кои ZOE e-sport ги емитира се оние кои ги создаваат трансмисијата и пневматиците.

Што се однесува до стајлингот, на моделот доминираат боите од тимот e.dams 2016/2017 – Светло сината Satin Blue боја како и жолтите детали на страничните ретровизори и браниците. Исто така, предниот спојлер и отворите за воздух на браниците имаат карбонска текстура. Тука се и 20-ични алуминиумски тркала со контрастни агли и две нијанси на црна и Shadow Chrome боја.

Во ентериерот главна е црната боја, додека неколкуте плави елементи и алуминиумските детали даваат малку позабавна нота. Седиштата, воланот и панелите на вратите се сите обвиени во Алкантара. Седиштата, всушност се две Recaro ‘тркачки кади’ опремени со натпреварувачки појаси и возачки позиции идеални за возење на тркачки патеки.

Поврзано:   Новитети во салонот на Renault - пристигнаа Megane RS Ultime и новиот Espace



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.