full screen background image
Search

Регулаторна: Дизелот поефтинува, бензините со иста цена

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите цени на горивата – кои денес ќе претрпат незначителни промени.

Согласно методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени се намалуваат во просек за 0.09%. Преведено во цени, тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 остануваат непроменети, и бензините ќе продолжат да чинат 66.50 односно 68.50 денари.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за половина денар, и еден литар дизел гориво од вечерва ќе чини 52.50 денари.

Старо-новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.