full screen background image
Search

Електричниот Ford Focus добива зголемена автономија и нови технологии

Кога Ford неодамна ги објави своите планови, најави дека ќе направи сериозни инвестиции во електрификација на својата гама – а таа започнува токму со освежениот електричен Focus кој сега има автономија од 225 километри!

Ford го освежи и подобри европскиот Focus Electric – благодарение на нова батерија со капацитет од 33.5 kWh која ја заменува старата со капацитет од 23 kWh – електричниот хечбек сега има автономија од 225 километри – односно, 63 километри повеќе од порано.

Дополнително, електричниот Focus добива и нов систем за брзо полнење кој овозможува батериите да бидат на полнети до 80% за само половина час. Focus Electric сега има и нова Brake Coach технологија која го учи возачот како да го извлече максимумот од „уловената“ енергија која се враќа кон батериите преку системот за регенеративно кочење.

Моќта останува иста – 145 коњски сили – а тие се доволни за спринт до 100 километри на час за 11.4 секунди и максимални 137 километри на час. Во кабината, новиот Focus Electric го добива најновиот SYNC 3 инфозабавен систем со гласовни команди, Android Auto и Apple CarPlay можности за поврзување. Во стандардната опрема се вбројува и автоматски клима уред, 17-инчни тркала и LED задни светлосни групи.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.