full screen background image
Search

Toyota го освежи малиот Yaris со 900 нови делови

Јапонскиот производител потроши повеќе од 90 милиони евра за модернизирање на супермини моделот со вкупно над 900 нови делови.

Малиот Yaris е темелно обновен и од надвор и од внатре. Козметичките измени на екстериерот го прават автомобилот да изгледа поголем од претходно, иако пропорциите се останати исти. Тоа е благодарение на поголемата предна решетка и значително поголемите задни светлосни групи, додека страничниот профил има нов облик на долниот дел од вратите.

Моделот исто така доаѓа со ново-дизајнирани браници, алуминиумски тркала и изменети предни светла опционално достапни со LED технологија. Малку необично за фејслифт, задната врата е модифицирана за да ги вдоми новите пошироки задни светла. Измените на каросеријата завршуваат со новите Tokyo Red и Hydro Blue нијанси, кои се придружуваат во постоечката гама на бои.

Новитетите продолжуваат и во внатрешноста, каде новиот Yaris добива проширен избор на материјали и бои за кабината. Една од најзначајните промени е присвојувањето на нов 4.2-инчен дисплеј достапен сериски од основното ниво на опрема па нагоре. Впечатливи се и новите отвори за вентилација во стил на пропелер, синото осветлување на инструментите, како и изменетите прекинувачи и надоградената централна конзола.

Тука се уште повеќе измени и под површината, така што стариот 1.33-литарски агрегат е повлечен за да направи место за целосно новиот атмосферски четири-цилиндарски 1.5-литарски мотор. Тој произведува 111 коњски сили и 136 Nm вртежен момент со 0.8 секунди пократко забрзување од 0-100 км/ч, кое сега трае 11 секунди. Истиот е значително поштедлив, земајќи во предвид дека потрошувачката на гориво е намалена за 12 проценти.

Поврзано:   Козметичко и технолошко освежување на големиот Toyota Camry

Не само што има 10-проценти посилен агрегат, туку новиот Yaris користи нови држачи на моторот кои ќе обезбедат покомфорно возење со помалку вибрации. Инженерите на Toyota посвелите внимание и на суспензијата која ја прилагодиле уште повеќе да го зголеми комфорот без да го влоши управувањето во свиоци. На крај, додаден е нов пригушувач на звукот во издувниот систем, додека некои од другите измени вклучуваат подобрен систем за довод на воздух кон моторот и предни осовини кои доаѓаат заедно со нов преден трап.

На врвот на палетата ќе се наоѓа спортска верзија која ќе биде прикажана следниот месец во Женева заедно со стандардните модели. Веќе прикажан, три-вратниот спортски модел ќе има повеќе од 210 коњски сили, кои ќе бидат доволни за да им се спротивстави на жешките мали компакти во класата.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.