Citroën SpaceTourer 4×4 Ë Concept – Алтернативен миниван за оние со авантуристички дух! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Citroën SpaceTourer 4×4 Ë Concept – Алтернативен миниван за оние со авантуристички дух!

Новиот концепт на Citroën нуди алтернатива за оние кои имаат животен стил кој бара теренско возило, но не сакаат класичен SUV или кросовер!

Citroen секогаш изненадува со своите концепти – а најновиот SpaceTourer 4×4 Ë Concept (или едноставно само SpaceTourer) е одличен пример за храброста на францускиот производител.

Концептот, кој всушност е половина комбе, половина кросовер претставува визија за тоа како би можело да изгледа робустно, теренско повеќенаменско возило за оние кои имаат потреба од зголемено растојание од подлогата, без притоа тоа да биде класичен SUV. Концептот е цели 60 милиметри поодалечен од подлогата во однос на обичниот автомобил, а е предвидено да се нуди во XS, M и XL величини со цел да задоволи повеќе профили на корисници. Она што ќе го видиме во женева е најмалата изведба – но е долг 4.6 метри и висок 1.9 метри.

Во кабината има простор за деветмина, а за задвижување на концептот е задолжен 2-литарски турбодизел кој испорачува 150 коњски сили и 370 Nm вртежен момент. Секако, моќта се испорачува кон сите четири тркала преку шест-степен мануелен менувач. Концептот ќе биде прикажан во Женева, а веќе се шират гласини дека Citroën сериозно размислува да го пушти во сериско производство.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.