full screen background image
Search

Претседателот на Volkswagen изјави дека даунсајзингот е мртов

Новиот претседател на групацијата Volkswagen – Херберт Дајс потврди дека трендот на намалување на зафатнината на агрегатите заврши.

Во Октомври минатата година, извештај од Reuters откри дека брендовите VW, General Motors и Renault ќе започнат да ја зголемуваат зафатнината на нивните мотори поради поголемата емисија на издувни гасови произведена од три и четири-цилидарските агрегати со помала големина.

Сега, во интервју за Telegraph, Дајс изјави дека Германскиот автомобилски производител нема да произведува мотори помали од нивниот 1.0-литарски три-цилиндарски бензински агрегат, додека пак нивните идни дизелски мотори нема да се намалат под 1.6 литри.

Според него, малите агрегати едноставно не се економични. Типично, малите агрегати често се соочуваат со прегревање на нивните турбополначи. Како последица на тоа, производителите ги развиваат моторите да вбризгуваат дополнително гориво за го намалат прегревањето. Ова резултира со високо ниво на несогорен јаглеводород, јаглероден моноксид и други честици.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.