full screen background image
Search

Prodrive и Renault ќе се натпреваруваат во Светскиот Rallycross Шампионат!

Британскиот Prodrive и францускиот Renault влегоа во коалиција и заедно ќе се натпреваруваат во светскиот Rallycross шампионат со овој екстремен RenaultSport Megane!

Најновиот тркачки автомобил на Renault доаѓа од – Британија! Сигурно знаете дека Prodrive е еден од најлегендарните конструктори во светот на моторспортот – од Ferrari, Honda, Aston Martin па сè до Subaru – легендарниот тим е задолжен за некои од најпрепознатливите тркачки автомобили во историјата.

Интересно е што новиот Renault Megane не е прв автомобил на Prodrive кој ќе се натпреварува на Rallycross сцената – незавршениот проект меѓу BMW и Prodrive во форма на WRC Mini веќе имаше свое деби на Global Rallycross Championship. Сепак, врската меѓу Prodrive и Renault делува природна – обете компании имаат екстензивно искуство во автомобилските шампионати – а зад управувачот ќе се најде Guerlain Chicherit, поранешен скијачки шампион кој сега е посветен на off-road моторспортот.

Немаме никакви информации за тоа што го придвижува овој „ненормален“ Megane – но знаеме дека пропозициите дозволуваат соодветно „ненормални“ перформанси. Според правилата, дозволени се автомобили кои имаат на располагање до 600 (!!) коњски сили и 900 Nm вртежен момент, погон на сите четири тркала и мануелен менувач. Доволно!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.